• понеделник, 23 декември 2024

Дебата „Улогата на правото и владеење на правото: Доброто владеење како идеја и како практика“

Дебата „Улогата на правото и владеење на правото: Доброто владеење како идеја и како практика“

Скопје, 6 септември 2023 (МИА) - „Улогата на правото и владеење на правото: Доброто владеење како идеја и како практика“ е темата на денешната дебата што ќе се одржи во рамки на циклусот настани Кафе Европа, во организација на Европско движење (ЕММК). 

- Во современите либерални општества правото има посебна општествена улога. Дали ние како граѓани доволно знаеме за функцијата на правото? Што е разликата меѓу владеењето и владеењето на правото? Зошто нашите институции не функционираат? Ова се дел од размислувањата за текот на дебатата, но се очекува да има нови перспективи и заклучоци кои ја надминуваат оваа почетна концептуална рамка, најавија од Европско движење во Република Македонија.

Како говорници и учесници кои ќе дебатираат се најавени Снежана Калеска Ванчева, претседател на Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Северна Македонија, Франсоа Лафонд, експерт за Реформа на јавната администрација, од Франција, Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Андреј Лепавцов, Амбасадор, претседател на Паневропска унија на Македонија, Трпе Стојановски, професор, Факултет за безбедност, УКЛО - Битола, Ардита Абази - Имери од Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје и Катица Јанева од АЛДА – Скопје.

За дебата се најавени и претставници на граѓански здруженија, академската средина, претставници на дипломатски претставништва, членови на ЕММК. цр/са/

Фото:МИА

Остани поврзан