• петок, 22 ноември 2024

Дебата „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството“

Дебата „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството“

Скопје, 21 декември 2023 (МИА) - Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе организира дебата на тема „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството“.

-Во периодот на големи безбедносни предизвици и приоритети и креирање јавни политики за справување со нив,  особено е важно местото и улогата на истражувањето и науката за безбедност која ја дава во овој развој и справувањето со предизвиците и ризиците пред кои е исправен целиот свет, наведува организаторот на дебатата која ќе ја отворат заменик-министерот за образование и наука Агим Нухиу и деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев.

На дебатата ќе биде промовирана нова студиска програма по докторски студии на безбедност на Филзофскиот факултет на УКИМ, а пред почетокот на дебатата ќе биде потпишан Меморандум на Филозофскиот факултет-Скопје и Медицинскиот факултет-Скопје за соработка на Институтот за безбедност, одбрана и мир и Институтот за судска медицина и криминалистика.

-Двата института во иднина ќе разменуваат наставен кадар, ќе креираат студиски програми од научните области на Институтот за безбедност, одбрана и мир и Институтот за судска медицина и криминалистика, заеднички интердисциплинарни обуки, семинари, дебати, конференции. Покрај тоа, апликација и реализација на заеднички научно-истражувачки и меѓународни проекти, соопшти Филозофскиот факултет-Скопје. хс/ев/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан