Годишна конференција на Македонска берза
- Македонските и регионалните економски перспективи, можностите и предизвиците за IPO и раст на домашни компании, развојот на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови, важноста на малите берзи, влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и трендовите во дигиталната трансформација на компаниите, ќе бидат само некои од темите на 24. годишна конференција на Македонска берза што ќе се одржува од денеска до 27 септември во Охрид.
Охрид, 25 септември 2025 (МИА) - Македонските и регионалните економски перспективи, можностите и предизвиците за IPO и раст на домашни компании, развојот на пазарот на капитал преку мултифондови и ЕТФ-ови, важноста на малите берзи, влијанието на ажурираните стандарди за финансиско известување и трендовите во дигиталната трансформација на компаниите, ќе бидат само некои од темите на 24. годишна конференција на Македонска берза што ќе се одржува од денеска до 27 септември во Охрид.
Според програмата, поздравни обраќања ќе имаат министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, Иван Штериев, главен извршен директор на Македонска берза АД Скопје и Бујаре Абази, претседател на Комисија за хартии од вредност.
-Годишната конференција на Македонската берза е еден од најважните финансиски настани во Македонија, на кој учествуваат клучни фигури од финансискиот сектор, вклучувајќи банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, како и регулатори, академици, претставници на медиумите итн. Конференцијата е позната и по својот меѓународен карактер, со говорници и учесници од странство, особено од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа. Македонската берза повеќе од две децении организира годишни конференции, кои се настан со препознатлив имиџ, како од аспект на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и од аспект на компетентноста на учесниците на бројните панели, презентации и говори, се наведува во најавата. мч/са/
фото: Македонска берза