• четврток, 18 април 2024

Свечености по повод 74-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј

Свечености по повод 74-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Во рамки на свеченостите по повод одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј и одбележувањето на Денот на светите браќа, кој воедно е и патронен ден на Универзитетот, денеска во рамки на универзитетскиот кампус ќе биде положено цвеќе на нивниот споменик.

Вечер, во Македонската филхармонија ќе се одржи Свечена академија која ќе почне со интонирање на државната химна на Република Северна Македонија, свечената химна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и тудентската химна „Гаудеамус“.

Пригодна реч на Академијата ќе одржи ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски, по што ќе следува уметничка програма на ансамблите на ФМУ – Скопје. сст/са/

фото МИА архива

фото УКИМ

 

 

 

Остани поврзан