• четврток, 04 декември 2025

Промоција на „Афористичка татковина“ од Ирена Павлова де Одорико во Друштвото на писателите на Македонија

Промоција на „Афористичка татковина“ од Ирена Павлова де Одорико во Друштвото на писателите на Македонија

Скопје, 30 септември 2025 (МИА) - Книга афоризми под наслов „Афористичка татковина“, дело на Ирена Павлова де Одорико: поетеса, компаративка, новинарка, писателка, дводомна авторка која живее во Италија и во Македонија, ќе биде промовирана вечер во Друштвото на писателите на Македонија.

Промоцијата на „Афористичка татковина“ (издание на „Интеракција плус“, 2023), која авторката ја посветува на својот татко, неодамна починатиот водечки македонски афорист Живко Павлов, воедно ќе биде омаж на овој бард на македонскиот хумор и сатира.

На неа, покрај поетесата Де Одорико и претседателот на Друштвото на писателите Живко Грозданоски, пред присутните ќе се обратат и: сатиричарот Димитар Вилазорски, поетесата Силвана Димитриевска и поетот и новинар Вангел Божиновски.

Можност да се обратат ќе им биде дадена и на други присутни, а ќе бидат прочитани и рецензии од академик Катица Ќулавкова и од професор Венко Андоновски. сст/са/

Фото илустрација

 

Остани поврзан