Во Собранието ќе заседаваат три комисии
- Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно правната комисија.

Скопје, 21 јануари 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно правната комисија.
Членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по Финансискот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година.
Предлог законот за ратификација на Спогодбата за Инструмент меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата во согласност со Инструментот за реформи и раст е на дневен ред на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно правната комисија. фф/бак/
Фото: МИА Архива