• сабота, 06 декември 2025

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Во Собранието ќе заседаваат три комисии

Скопје, 16 јули 2025 (МИА) -  Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии - Комисијата за култура и туризам, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за култура и туризам се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, Предлог на законот за изменување на Законот за библиотеките и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност, сите во второ читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во прво читање.

На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за домување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, и двата во прво читање.

На дневен ред на Законодавно правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство - Второ читање, Предлог на законот за изменување на Законот за библиотеките - Второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност - Второ читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права - Прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за домување - Прво читање и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во прво читање.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан