• петок, 05 декември 2025

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Во Собранието ќе заседаваат две комисии

Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање.

Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите во второ читање.фф/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан