• четврток, 19 декември 2024

Во Кинотека ревија на филмови од 18. „Астерфест“

Во Кинотека ревија на филмови од 18. „Астерфест“

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) - Во Кинотеката вечер ќе се одржи традиционална ревија на филмови од последното, 18-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржа во Струмица, под мотото „Со нови искуства“.

Програмата опфаќа четири наградени странски кратки играни филмови: данскиот „Ивалу“, американскиот „Еж“, австралискиот „Штипење“ и британскиот „Ирско збогум“. „Ивалу“ на Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен е краток игран филм, номиниран за Оскар и добитник на „Златна потковица“ (Гран При) на „Астерфест“, со приказна која се обидува на фантастичен начин да ги разоткрие тајните на гренландската природа. „Еж“ на Д. Митри е краток игран филм, добитник на „Сребрена потковица“ на „Астерфест“, кој ја допира човечката димензија во руско-украинската војна. „Штипење“ на Еми Патмор и Ана Дворжак е краток игран филм, добитник на „Бронзена потковица“ на „Астерфест“, обработувајќи суптилна тема за ученичка која се бори со тивката болест.

Ексклузивно ќе биде прикажан и „Ирско збогум“ на Том Беркли и Рос Вајт, добитник на Оскар и добитник на Специјална награда на „Астерфест“. Се работи за трогателна сторија за отуѓените браќа кои се принудени да се зближат по прераната смрт на нивната мајка. мч/дма/

фото: Кинотеката

 

Остани поврзан