Во ДПМ ќе се одржи разговор со неговите нови членови
- По повод јубилејот „Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик“, денеска напладне во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи разговор со неговите нови членови: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Драгана Лукан Николоски и Лузлих Хазири.
Скопје, 8 мај 2025 (МИА) - По повод јубилејот „Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик“, напладне во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе се одржи разговор со неговите нови членови: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Драгана Лукан Николоски и Лузлих Хазири.
Ова, како што најавуваат од ДПМ, ќе биде и нивно мало претставување, каде автор(к)ите ќе прочитаат извадоци од своето творештво.
На настанот ќе му претходи воедно обраќање од Славко Ковилоски - раскажувач, поет, предавач на Институтот за македонска литература во Скопје и главен и одговорен уредник на „Стожер“.
Ковилоски ќе се осврне на некои суптилни нишки од неразделната врска помеѓу јазикот и книжевното творештво. сст/бак/
Фото: ДПМ