„Вдоми Љубов“ - фестивал посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво
- Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Вдоми Љубов" Фест, посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво.
Скопје, 31 мај 2025 (МИА) - Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Вдоми Љубов" Фест, посветен на вдомувањето на кучиња и одговорното сопствеништво.
Како што најавија организаторите од ЈП „Лајка“, фестивалот има за цел да го привлече вниманието кон важноста на вдомувањето, наместо купување миленичиња, и да ја приближи работата на ова претпријатие до пошироката јавност.
Во рамки на програмата се предвидени две интерактивни игри со кучиња и нивните сопственици, модна ревија со кучињата на Лајка, стилизирани од дизајнерката Ирина Тошева, а сошиени од жените од КПУ Идризово, штанд за ветеринарни совети, како и совети од професионален дресер.бт/са/
Фото: МИА Архива