• четврток, 26 септември 2024

Бизнис штафета за најбрза македонска компанија

Бизнис штафета за најбрза македонска компанија

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Во Скопје денеска ќе се одржи Cevahir Mall Business Run 2024, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор. Компаниите ќе се натпреваруваат со мешани тимови со четири измени на патека од осум километри, а секој учесник ќе трча по два километра.

Најбрзите три тимови ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а посебни награди ќе добијат и најбрзите поединци во машка и женска конкуренција.

Трката се организирана од 2016 година со цел заедничко спортско и деловно дружење, поттикнувајќи го тимскиот дух меѓу вработените.

Организатор на Cevahir Mall Business Run e здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со „Џевахир Мол“ - Скопје. мч/нд/

Фото: „Прв до врв“ 

Остани поврзан