• понеделник, 23 декември 2024

Без струја дел од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош

Без струја дел од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош

Скопје, 26 февруари 2024 (МИА) - Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Карпош, соопшти РЦУК - Скопје.

Во периодот од 9:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Николај Островски“, „Антон Чехов“, „Пелинце“, „Лазо Дамовски“, „Австралиска“ и ОУ „Страшо Пинџур“ во Општина Ѓорче Петров. 

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Лука Геров“ од бр.33 до бр. 43 (непарни броеви), зградите спроти овие објекти во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Драгутин Аврамовски Гуте“ во Општина Карпош.фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан