Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
- Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров денеска од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров денеска од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. хс/лв/
Фото: МИА архива