• петок, 30 август 2024

Без вода дел од Карпош и Бутел

Без вода дел од Карпош и Бутел

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известувa дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Петар Драганов“, „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“, општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект ф 100 мм на ул.Петар Драганов бр.1.

Уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм е причина и за прекинот на водоснабдување за корисниците на улица Љубо Петровиќ 14, во општина Бутел. 

Корисниците ќе бидат без вода до санација на дефектите. ир/вг/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан