Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
- Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе го посети Тетово, како дел од серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во Европската Унија.
Тетово, 13 декември 2024 (МИА) - Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска ќе го посети Тетово, како дел од серијата општински посети преку кои граѓаните и институциите имаат можност да се запознаат со придобивките од процесот на пристапување во Европската Унија.
Преку ваквите посети, се наведува во соопштението од Делегацијата на ЕУ во РСМ, се истакнува важноста на интеграцијата и нејзиниот придонес во развојот на локалните заедници.
Најавено е дека амбасадорот Рокас во текот на посетата ќе се сретне со градоначалникот на Тетово, Билал Касами, по што шефот на ЕУ-делегацијата ќе разговара и со членовите на Советот на општината. цр/са/
Фото: МИА архива