• четврток, 19 декември 2024

Амбасадорот Гир во посета на Општина Неготино

Амбасадорот Гир во посета на Општина Неготино

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, денеска ќе ја посети Општина Неготино.

Како што соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, ова е десетта од серијата општински посети на Гир по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година. Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на преговори за пристапување во ЕУ и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.

За време на неговиот престој во Неготино, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Неготино Горан Стојанов, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.

Тој ќе посети и неколку проекти финансирани од ЕУ и ќе учествува на кафе-дебата со граѓаните со цел да одговори на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија, се наведува во соопштението. вг/ев/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан