• петок, 22 ноември 2024

Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија

Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија информира дека денеска, првото семејство во државата, кај коешто е дијагностицирана болеста „Фабри“ ќе почне да прима терапија.

Оттаму соопштуваат дека ќе почнат со третман „Ензимска заместителна терапија“ која првпат се применува кај пациенти со ретка болест Фабри.

- Станува збор за првото семејство во Македонија кај кое е детектирана болеста на Фабри, велат од ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија. ир/нд/

Фото: Скриншот

Остани поврзан