• петок, 05 декември 2025

Посебен сообраќаен режим вечер во Скопје поради снимање филм

Посебен сообраќаен режим  вечер во Скопје поради снимање филм

Скопје, 31 јули 2025 (МИА) - Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. нд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан