• понеделник, 23 декември 2024

Османи учествува на Министерската конференција на Франкофонијата во Јаунде, Камерун

Османи учествува на Министерската конференција на Франкофонијата во Јаунде, Камерун

Скопје, 4 ноември 2023 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на Министерската конференција на Франкофонијата, која се одржува во Јаунде, Камерун, информираат од МНР.

Османи, за време на конференцијата, ќе се обрати на седницата зад затворени врати за полноправните земји-членки и влади на Меѓународната организација на франкофонијата, на тема „Меѓународната организација на франкофонијата наспроти повторливите падови на демократијата во Франкофонските подрачје“, како и на дебатата на тема: „Доброто владеење: Гаранција за политичка, економска и културна стабилност за Франкофоните“.

Воедно, предвидено е министерот Османи да реализира низа билатерални средби меѓу кои се министрите за надворешни на Франција, Швајцарија, Андора, Луксембург и други.

Министерската конференција на Франкофонијата, е едно од трите тела содржани во повелбата на Франкофонијата и обезбедува политички континуитет на Самитот на франкофонијата. Република Северна Македонија е полноправна членка на Организацијата од 2006 година. ир/ев/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан