• сабота, 18 мај 2024

Одбележување на Денот на науката на Универзитет Гоце Делчев

Одбележување на Денот на науката на Универзитет Гоце Делчев

Скопје, 10 ноември 2023 (МИА) – На Универзитет „Гоце Делчев“ денеска ќе биде одбележан Денот на науката. Настанот ќе се одржи во Ректоратот на УГД, предвидено е во рамките на настанот да се доделат награди и признанија на најдобриот научник на УГД, како и на авторот за научен труд објавен во престижно списание за 2022 година.

Поздравни обраќања ќе имаат проф. д-р Ана Витанова Рингачева и проф. д-р Дејан Мираковски.

Светскиот ден на науката за мир и развој е меѓународен ден кој ја истакнува важната улога на науката во општеството. Овој ден има за цел да ја подигне свеста за важноста на науката восекојдневниот живот, ја нагласува потребата од вклучување на пошироката јавност во дискусиите за новите научни прашања и посебнoја истакнува улогата на научниците, кои ја играат најважната улога во проширувањето на корените на науката.свс/са/

Фото: Универзитет „Гоце Делчев“

Остани поврзан