Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ
- Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност.

Скопје, 13 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност.
Меѓународниот научен собир е организиран по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ.
Настанот е во организација на Институтот за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметноститe. ир/нд/
Фото: Институтот за национална историја