• недела, 22 декември 2024

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ ќе го затвори престижниот фестивал на класична музика „Раванелиус“ во Србија

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ ќе го затвори престижниот фестивал на класична музика „Раванелиус“ во Србија

Скопје, 8 јули 2023 (МИА) - Македонскиот камерен оркестар Профундис денеска ќе настапи на затворањето на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија.

Камерниот оркестар Профундис е единствениот македонски претставник на овој фестивал. На сцената со Профундис ќе настапи како солист српскиот кларинетист Огњен Поповиќ.

- Ова е само еден од настапите кои уште еднаш го потврдуваат трудот, вредната посветеност и љубов која ја посветуваме во нашето творење и навистина со голема чест ја прифативме поканата на организаторите да настапуваме на затворањето на фестивалот на музички извонредности – Раванелиус и да ја делиме сцената заедно со најпознатиот српски кларинетист Огњен Поповиќ, изјави Ѓурѓица Дашиќ, уметнички раководител и диригент на „Профундис“.

Инаку, Фестивалот „Раванелиус“ во своето четиригодишно постоење, се закити со престижното признание „Музика класика“ за најдобар регионален фестивал во регионот и беше домаќин на преку 150 изведувачи со преку 4.000 посетители. ир/ев/

 

Фото: „Профундис“

Остани поврзан