• недела, 14 јули 2024

Изложба на Перо Кованцалиев во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“

Изложба на Перо Кованцалиев во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“

Прилеп, 13 октомври 2023 (МИА) – Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ денеска ќе биде отворена изложбата „Послушност“ од уметникот Перо Кованцалиев.

Изложбата е составена од дваесет скулптури кои претставуваат акумулација на човечки уши изведени во повеќе материјали, бронза, алуминиум и полиестер. Акумулациите се изградени во неправилни низи и вообразуваат формации на неправилни форми.

Проектот покренува општествени прашања и дијалози за моќта на авторитарноста и слепата послушност. Уметникот во општествениот систем, неговата активност и функција како и индивидуалноста на поединецот во организираната подреденост.

Изложба е поддржана од Министерството за култура.

Перо Ковaнцалиев од Скопје е мултидисциплинарен ликовен уметник чие творештво е потикнато од идеата да се влијае на големите наративи со ликовни интервенции и дела кои инспирираат и потикнуваат промени за одржлив развој.свс/са/

Фото: „Марко Цепенков“

Остани поврзан