• четврток, 04 декември 2025

Едукативен проект „Различни приказни, заедничко платно“ викедов во Вардар филм - Скопје

Едукативен проект „Различни приказни, заедничко платно“ викедов во Вардар филм - Скопје

Скопје, 8 ноември 2025 (МИА) - Едукативниот проект „Различни приказни, заедничко платно“, наменет за деца од различни етнички заедници на возраст од 9 до 14 години ќе се одржи денеска и утре во организација на Вардар филм – Скопје.

Проектот, како што се наведува во соопштението на организаторот, има за цел да поттикне пријателство, креативна соработка и меѓуетнички дијалог преку заедничка работа во областа на филмската уметност.

- Во текот на дводневните активности, 20 деца ќе имаат можност да учествуваат во интерактивни филмски работилници каде ќе се запознаат со основите на сценарио, камера, актерска игра и монтажа. Практичниот дел ќе биде под водство на филмски професионалци, а во наставната програма ќе биде користена книгата „Како да се сними филм“ од Радивоје Андриќ, која на едноставен начин ги претставува чекорите во создавањето филм, се вели во соопштението. 

Оваа иницијатива, нагласува организаторот, не само што ги едуцира младите, туку и го ревитализира просторот на Вардар филм како активен културен и едукативен центар.

Децата, додаваат оттаму, ќе развиваат лични сцени и идеи, притоа учејќи за различностите, споделувајќи култура и градејќи пријателства преку универзалниот јазик на филмот. ац/бак/

Фото: Вардар филм - Скопје 

Остани поврзан