Град Скопје организира Јавна дискусија за новиот ГУП за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров
- Во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година, Град Скопје денеска организира Јавна дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров, а со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Скопје, 11 август 2025 (МИА) - Во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година, Град Скопје денеска организира Јавна дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров, а со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Од Градот информираат дека јавната дискусија ќе се одржи со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт „СЗ 08“ од 9 до 10 часот, „C3 15“ од 10 до 11 часот, „C3 16“ од 11 до 12 часот, „C3 18“ од 12 до 13часот и „C3 17“ од 13 до 14 часот.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 08:
- од североисток: по оска на планирана траса на градска магистрална сообраќајница бул.“Илинден”;
- од југоисток: по оска на планирана траса на градска магистрална сообраќајница улица “Црногорска”;
- од југозапад: по оска на улица “Лука Геров”;
- од северозапад: по оска на “улица Лепенец”;
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 15:
- од север: по оска на Булевар “Партизански Одреди “;
- од исток: по оска на улица “Ѓорче Петров “;
- од југ: по оска на улица “Ѓорче Петров “;
- од запад: по оска на Булевар “Македонска Војска “;
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 16:
- од север: по оска на планирана траса на градска магистрала Бул. “Илинден” (постоечка улица 1409)
- од исток: по оска на планирана траса на улица “Ацо Шопов”;
- од југ: по оска на Булевар “Партизански Одреди”;
- од запад: по оска на Планирана траса на градска магистрала улица “Црногорска “(постоечка улица 1409)
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 17:
- од северисток: по оска на река Лепенец;
- од југоисток: по оска на река Вардар;
- од југозапад: по оска на планирана траса на градска магистрала Бул. “Илинден” (постоечка улица 1409);
- од северозапад: по оска на планирана траса на магистрална сообраќајница улица „Словенечка“.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 18:
- од исток: по оска на новопланирана сервисната улица ,,Фјодор Достоевски“
- од југоисток: по оска на сервисната улица ,,Ацо Шопов“
- од запад: по оска на новопланирана собирна улица ,,Ацо Шопов“
- од север: по оска на градска магистрала бул. “Илинден“.
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес. бк/вг/
фото: принтскрин