Без струја дел од општините Чучер Сандево, Бутел, Кисела Вода и Зелениково
- ЕВН Македонија АД известува дека денеска без струја ќе бидат селата Побожје и Горњани во општина Чучер Сандево, неколку улици во општините Кисела Вода и Бутел и село Зелениково.

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - ЕВН Македонија известува дека денеска без струја ќе бидат селата Побожје и Горњани во општина Чучер Сандево, како и неколку улици во општините Кисела Вода и Бутел и село Зелениково.
Прекинот на струја во село Побожје ќе биде од 9 до 13 часот. Покрај селото Побожје, во општина Чучер Сандево без струја ќе бидат и корисниците од селото Горњани и тоа од 9 до 14 часот.
Во периодот од 9 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Петар Дељан“, „Михаил Чаков“ и дел од булеварот „Борис Трајковски“, во општина Кисела Вода.
Во општина Бутел, прекин на струја ќе имаат објектите на Гипсар, Универзал Комерц и некои објекти во близина кои се напојуваат од ТС Гипсар, од 7 до 15 часот, а во периодот од 9 до 15 часот, корисниците од с.Зелениково (м.в.Прелози кај млекарата). ир/бак/
Фото: МИА архива