• петок, 05 декември 2025

Началникот на Генералштабот на ИДФ го одобри планот за голема офанзива во Газа

Началникот на Генералштабот на ИДФ го одобри планот за голема офанзива во Газа

Тел Авив, 13 август 2025 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, го одобри главниот концепт на претстојната голема воена офанзива насочена кон освојување на градот Газа, објави денеска израелската армија.

„Тајмс оф Израел“ пренесува дека главниот концепт на планот за напад врз Газа бил дискутиран денеска за време на состанокот што Замир го одржал со Генералштабот на ИДФ, претставници на безбедносната служба Шин Бет и други офицери.

Исто така, главниот концепт за следните чекори во Појасот Газа бил презентиран и одобрен во согласност со упатствата на политичкото раководство, кои биле издадени за офанзивата против Хамас во градот Газа, но почетокот на нападот сè уште не е закажан.

Претходно беше објавено дека Замир бил скептичен кон планот за освојување на градот и дека имал несогласувања со министерот за одбрана Израел Кац.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан