• недела, 22 декември 2024

Националната мрежа на земјоделци достави осум барања до Владата

Националната мрежа на земјоделци достави осум барања до Владата

Штип, 27 август 2023 (МИА) - Националната мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода на цела територија на државата.

Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци појаснува дека климатските промени ја направија штетата на производите. Високите температури и дождови се  причина за појава на болести и штети на земјоделските култури.

Забележува  дека годинава ќе има слаби приноси на грозјето, а со слаб квалитет сe и приносите на пченица и јачмен, а истото се очекува за кочанскиот ориз и ресенското јаболко.

-Се нанесоа катастрофални штети од поплави, болести, а имаше и присуство на град. Веднаш потоа имавме енормно високи температури, што дополнително ги отежнаа условите за производство. Сега сме сведоци на сериозни оштетувања. Кај некој култури има забележано од 50 до 100 проценти. Сега земјоделците се наоѓаат во една многу деликатна ситуација. Буквално не можат ни да ја поминат сезоната, вели Каракашев.

Националната мрежа на земјоделци до Владата достави вкупно осум барања. Побараа да бидат ослободени од воден надоместок, усогласување на цените, производни цени на сите земјоделски култури, а кочанскиот ориз да се прогласи за стратешка култура. Барањата ги доставиле пред десеттина дена, а одговор се уште немаат добиено.вдј/свс/

 Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан