• недела, 22 декември 2024

Научници го пресоздадоа гласот на древна мумија

Научници го пресоздадоа гласот на древна мумија
Лондон, 24 јануари 2020 (МИА) - Научници oд кралскиот Холовеј колеџ во Лондон соопштија дека го пресоздале гласот на 3.000 години стара египетска мумија, со помош на медицински скенери, 3-Д печатачи и електронски душник. Во трудот објавен во списанието „Сајентифик рипортс“, авторите истакнуваат дека техниката им овозможила да го произведат само звукот „е". Како што истакнуваат научниците, тонот веројатно не бил прецизен одраз на говорот на египетскиот свештеник Несијамун, со чие мумифицирано тело истражувачите и работеле, оти неговиот јазик изминативе три илјадалетија изгубил голем дел од својот квантитет. Самиот модел не е доволен за да се реконструираат цели зборови или пак, реченици, се вели во написот. - Но, тоа е нешто на кое работиме и ќе биде изводливо еден ден, смета Дејвид М. Хауард, еден од авторите на истражувањто. си/сд/

Остани поврзан