• недела, 22 декември 2024

Научниците во ЦЕРН повторно трагаат по темната материја

Научниците во ЦЕРН повторно трагаат по темната материја
Женева, 20 април 2022 (МИА) - Научниците од ЦЕРН оваа недела повторно ќе го вклучат Големиот хадронски судирач (ЛХЦ), кој е долг 27 километри и се наоѓа под француско-швајцарската граница, близу Женева.  Ова ќе биде прво пуштање во погон на ЛХЦ откако беше исклучен поради одржување и надградба. Рестартирањето потоа беше одложено поради Ковид-19. Вклучувањето на машината е сложен процес и секогаш е проследено „со шишиња шампањско“ ако сè оди по планот. Потенцијалните проблеми може да настанат, на пример, поради ненадејна промена на температурата од 300 степени или околу  илјадниците магнети коишто држат милијарди честички во цврст сноп додека кружат во тунелот. Благодарение на оваа машина е пронајдена честичката Хигсов бозон. Таа, заедно со нејзиното енергетско поле, како што се смета во науката, била пресудна за Големата експлозија и создавањето на Вселената пред 13,7 милијарди години. Физичарите се надеваат дека натамошното „судирање“ на сноповите протони во ЛХЦ ќе помогне во потрагата по тн. темна материја - којашто се наоѓа вон видливоста на бесконечното пространство. Се смета дека темната материја е петпати пораспространета од обичната материја, но таа не апсорбира, не рефлектира и не емитира светлина. Досегашната потрага не дала резултати.  си/ссм/

Остани поврзан