• вторник, 14 мај 2024

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност

Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност, во западните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умeрен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во текот на работната седмица времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд.

Остани поврзан