• петок, 05 декември 2025

Натпревар од Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона планиран да се одржи во САД на 21 декември

Натпревар од Ла Лига помеѓу Виљареал и Барселона планиран да се одржи во САД на 21 декември

Мадрид, 12 август 2025 (МИА) - Шпанската фудбалска федерација достави до УЕФА и ФИФА барање од Ла Лига за одржување на натпревар во САД, објави „Мундо Депортиво“.

Се работи за меч од 17. коло од сезоната 2025/26 помеѓу Виљареал и Барселона предвиден да се игра на 21 декември во Мајами.

Од друга страна, Асоцијацијата на фудбалери во Шпанија побара дополнителни информации за овој натпревар. Иако организацијата очигледно не се спротивставува на идејата за одржување натпревари во странство, тие чекаат дополнителни информации за предложените периоди за одмор, условите во Мајами, полисите за осигурување и дополнителните приходи добиени од продажбата на телевизиските права. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан