• среда, 13 ноември 2024

Натпреварот Гранада – Валенсија одложен поради пожарот во Валенсија

Натпреварот Гранада – Валенсија одложен поради пожарот во Валенсија

 

Мадрид, 23 февруари 2024 (МИА) – Натпреварот од 26 коло во Ла Лига меѓу Гранада и Валенсија, што требаше да се одигра утре е одложен откако шпанскиот град Валенсија прогласи тридневна жалост поради пожарот во кој настрадаа повеќе лица.

Фудбалскиот клуб Валенсија побара од раководството на Ла Лига одложување на дуелот закажан за в сабота од 14 часот, што шпанската лига го одобри.

Градот Гранада и локалниот прволигаш се солидаризираа со жителите на Валенсија, откако вчера попладне во зграда изби пожар во кој, според последните информации, смртно настрадаа четири лица, а спасувачките екипи сè уште трагаат по 14 луѓе.

Во Валенсија се откажани сите настани, вклучувајќи го и фудбалскиот натпревар од втората лига меѓу Леванте и Андора. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан