• понеделник, 23 декември 2024

НАТО сојузниците ќе издвојуваат најмалку два проценти од БДП за одбрана

НАТО сојузниците ќе издвојуваат најмалку два проценти од БДП за одбрана

Брисел, 8 јули 2023 (МИА) – Сојузниците на НАТО постигнаа договор за зголемување на целта на Алијансата за воени трошоци на најмалку два отсто од националниот бруто домашен производ (БДП), изјавија синоќа двајца неименувани дипломати.

Триесет и една земја се согласија на трајна обврска да инвестираат најмалку два отсто од својот БДП во своите воени сили во иднина, изјавија дипломатите.

Договорот за нова цел за воени трошоци беше едно од отворените прашања пред дводневниот Самит на НАТО, што на 11 и 12 се одржува во главниот град на Литванија, Вилнус.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг имаше намера сегашната воена цел на НАТО од два проценти од националниот БДП да ја направи минимален услов наместо цел.

Во 2023 година, според процените на НАТО, дури и старата цел ќе ја исполнат само 11 од 31 членка на алијансата – САД, Британија, Полска, Грција, Естонија, Литванија, Финска, Романија, Унгарија, Летонија и Словачка.

Целта беше поставена во 2014 година, кога лидерите на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана на два отсто од БДП во рок од една деценија.

Најмалку издвојуваат Канада, Словенија, Турција, Шпанија, Белгија и Луксембург, чии трошоци за одбрана беа под 1,4 проценти од БДП. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан