НАТО: Русија мора да престане да ги крши воздушните прописи
- НАТО денеска ја предупреди Русија да прекине со нарушување на воздушниот простор долж нејзиното источно крило
Брисел, 23 септември 2025 (МИА) – НАТО денеска ја предупреди Русија да прекине со нарушување на воздушниот простор долж нејзиното источно крило.
- Русија сноси целосна одговорност за овие дејствија, кои се ескалирачки, ризикуваат погрешна процена и загрозуваат животи. Тие мора да престанат, се наведува во соопштението на 32-те земји-членки на Северноатлантската алијанса.
Соопштението на НАТО уследи по минатонеделниот упад на руски авиони во воздушниот простор на Естонија и нарушувањето на воздушниот простор на Полска и на Романија со руски дронови. ми/
фото: ЕПА