• понеделник, 23 декември 2024

НАТО првпат во историјата ќе одржи видео конференција на началниците на генералштабовите

НАТО првпат во историјата ќе одржи видео конференција на началниците на генералштабовите
Брисел, 4 мај 2020 (МИА) - На 14 мај, првпат во историјата, НАТО ќе одржи видео конференција на началниците на генералштабовите за да го разгледаат влијанието на пандемијата врз воените активности на Алијансата, соопшти прес-службата на НАТО. Оваа средба ќе го замени планираниот состанок на Воениот комитет на Алијансата, закажан за мај. „Воениот комитет на НАТО на 14 мај ќе ја одржи првата видео конференција на началници на генералштабови, со која ќе претседава началникот на Воениот комитет Стјуарт Пич“, се наведува во соопштението. На состанокот ќе учествуваат и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, главниот командант на силите на НАТО во Европа, Тод Волтерс и командантот на сојузничката команда за трансформација на НАТО, Андре Ланата. „Првпат во историјата на Алијансата, Воениот комитет на НАТО составен од 30 началници на генералштабови, вклучително и началникот на последниот член на Алијансата - Северна Македонија, ќе одржи онлајн конференција за да разговара за операциите, мисиите и активностите на Алијансата. Секако, началниците на генералштабовите особено ќе разговараат за глобалната криза со коронавирусот, за нејзиното влијание врз работењето на Алијансата и поддршката на НАТО за справување со пандемијата“, се додава во соопштението. Меѓу другото, Воениот комитет ќе расправа за продолжување на намалувањето на мисијата на НАТО во Авганистан по склучувањето на мировните договори меѓу САД и талибанците. Исто така, ќе се разговара за можноста за проширување на мисијата на научниците во Ирак, чии активности се прекинати повеќе од четири месеци. Нејзината работа беше блокирана по нагло влошување на односите меѓу Соединетите Американски Држави и Ирак поради убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во близина на меѓународниот аеродром во Багдад. паг/  

Остани поврзан