• вторник, 19 ноември 2024

НАТО Академија на Филозофскиот факултет на УКИМ

НАТО Академија на Филозофскиот факултет на УКИМ
Скопје, 21 октомври 2022 (МИА) - Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје беше домаќин на НАТО Академија во заедничка организација со Евроатлантскиот совет на Република Северна Македонија. Пред учесниците на НАТО Академијата предавање одржа проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ кој говореше на темата „Реформа на безбедносниот систем и новите безбедносни закани“.

- Градењето на концепт на интегрална безбедност ќе ги зајакне домашните капацитети на македонскиот безбедносен и политички систем да ги превенира и одговори на ризиците, заканите со кои се соочуваме секој ден и кои не се видливи за обичните граѓани„ рече  Ѓуровски и нагласи дека екомонската безбедност на државата е  пред сериозни предизвици и може да биде сериозно загрозена доколку навремено не се справуваме сите со обидите за ширење лажни вести, хибридни закани, асиметрични против законски активности и координтирано делување, како на безбедносно-разузнавачката заедница, така и власта и бизнис заедницата. 

Според Ѓуровски столбови на трансформација на безбедносниот систем на земјава се: консолидација на ресурсите, ажурирање на безбедносната политика, мапирање на ризиците и заканите, координација, градење систем на безбедносна култура, професионализација, градење концепт на интегрална безбедност, јавно приватно партнерство во безбедноста. 

- Брзото менување на светските трендови и односи не овозможуваат традиционален пристап и постепено реформирање туку наметнува потреба од едно ново брзо и непредвиливо темпо на брзо детектирање  и делување кон заканата, зашта НАТО не може целосно да не заштити од заканите и изворите на ризици кои ги имаме дома.  Овој навидум хаотичен пристап во меѓународната безбедност овозможува државни и недржавни актери од други земји да ги искористат и експлоатираат слабостите на политичкиот и безбедносниот систем, истакна Ѓуровски во своето предавање на НАТО Академијата. Според него, воените случувања и состојбата во регионот и нашето опкружување отвора, како што рече, голем број  „прозорци на можности“ кои се користат против нашите интереси.

Главната цел на НАТО Академијата  е да доближат интеграциските процеси преку средства за едукација во областа на безбесноста на долг рок, како и да се креира платформа за дебата и дискусија. Академијата е едукативна и ќе опфати практична компонента со што ќе биде овозможено студентите и учесниците да се запознаенаат со темите НАТО, безбедност, одбрана и меѓународна политика. хс/мд/

 

Остани поврзан