Настап на младата пијанистка Мазнејкова во Тирана
- Во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана вчеравечер настапи нашата млада пијанистка Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта“ во Тирана.
Скопје, 15 октомври 2022 (МИА) - Во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана вчеравечер настапи нашата млада пијанистка Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта“ во Тирана.
Пред многубројната публика, таа се претстави со три дела од композиторот Сезар Франк.
- Нејзиниот настап беше бравурозен, нежен и мајсторски, иако има само 16 години, на што публиката возврати со многу емоции. Директорот и композитор на фестивалот, Фатос Керимај, воодушевен пред публиката изјави: „Taa свири различно од сѐ што сум слушнал, јас и предвидувам блескава иднина“. Веднаш после настапот, мнозина од публиката, посакаа да се фотографираат со неа, информираат од КИЦ-Тирана.
Македонскиот Културно-информативен центар, овој месец продолжува со своите активности, и на 27,28 и 29 октомври ќе ја организира манифестацијата „Денови на македонска култура во Корча“.фф/дма/