Настан за деца во Капиштец „На одмор сум, во Центар сум“
- Организирана од Општина Центар и издавачката куќа „Паблишер“, програмата е наменета за деца на возраст од 2 до 8 години, но добредојдени се сите генерации. Програмата вклучува креативни работилници, цртање, бојадисување, интерактивни игри, потрага по „изгубено богатство“, читање сликовници и доделување награди – сè со цел децата да се мотивираат, забавуваат и развиваат низ игра.
Скопје, 29 јули (МИА) - Паркот во населбата Капиштец вечер од 19 до 20:30 часот, ќе биде домаќин на уште едно издание на манифестацијата „На одмор сум, во Центар сум“ – настан кој им нуди на децата и родителите уникатно искуство преку забава, интеракција и креативност на отворено.
Организирана од Општина Центар и издавачката куќа „Паблишер“, програмата е наменета за деца на возраст од 2 до 8 години, но добредојдени се сите генерации. Програмата вклучува креативни работилници, цртање, бојадисување, интерактивни игри, потрага по „изгубено богатство“, читање сликовници и доделување награди – сè со цел децата да се мотивираат, забавуваат и развиваат низ игра.
Како што оопштуваат организаторите, најмалите ќе имаат можност да се запознаат со омилените ликови Стела и Сани, ќа уживаат во настапот на пантомимичар со препознатливото „бело лице“, како и да се смеат и играат под водство на актерот Мартин Јорданов од Театарот за деца и младинци.ар/лв/
Фото:Паблишер