• недела, 22 декември 2024

Насрала: Исламска држава има за цел да започне граѓанска војна во Авганистан

Насрала: Исламска држава има за цел да започне граѓанска војна во Авганистан

Бејрут, 12 октомври 2021 (МИА) - Лидерот на либанскиот Хезболах, Саид Хасан Насрала рече дека терористичката организација Исламска држава има за цел да ги разгори тензиите и да го внесе Авганистан во граѓанска војна, објави „Иран фронт пејџ“. Изјавата следи неколку дена откако десетици лица беа убиени и ранети во напад на ИСИС врз џамија во северниот авганистански град Кундуз. Сид Хасан Насрала го осуди бомбардирањето на џамијата во провинцијата Кунду и нагласи дека сторителот е „ДАЕШ, вахабистичката терористичка организација“, која ја дели одговорноста за нападот и врз САД, имајќи предвид дека тие претходно ги префрлиле припадниците на ДАЕШ од Ирак во Авганистан.

Насрала рече дека „работата на ДАЕШ денес е да создаде состојба на внатрешни превирања што ќе доведе до граѓанска војна во Авганистан“, нагласувајќи ја одговорноста на авганистанските власти да ги заштитат своите граѓани, без оглед на бојата или кастата.

Лидерот на Хезболах, исто така, побара од либанската влада да даде приоритет на справувањето со кризата со електрична енергија, ставајќи ја на врвот на својата агенда на следната седница, заедно со разговорот за ветото на САД, што попречува внатрешно решавање на ова прашање.

Тој ја повика либанската влада да побара изземање од САД. - Дозволете им на либанските компании да купуваат дизел гориво од Иран, рече Насрала. паг/

Остани поврзан