• среда, 24 април 2024

Наскоро ќе почне со работа затворениот градски базен во Куманово

Наскоро ќе почне со работа затворениот градски базен во Куманово
Куманово, 19 април 2022 (МИА) - Извршени се сите корекции и поправки на затворениот базен и се очекува по празниците и со затоплување на времето, затворениот базен да почне да работи, информираа денеска надлежните од ЈП „Чистота и Зеленило“ под чија надлежност е базенот.
-Со затоплување на времето очекуваме дека по празниците затворениот базен ќе почне со работа и сите корекции и попоравки кои беа нужни и неопходни во овој период додека не работеше базенот од страна на вработените беа извршени. Во мај ќе се вршат поправки на отворениот базен и во јуни се надеваме дека ќе биде во нормално функционирање, изјави директорот на претпријатието Даниел Стојчевски.
Панелите за загревање пред неколку години беа оштетени, информираше Стојчевски и во моментов се работи на нивна санација, но во државата нема специјални делови за нив.
Поради зголемените цени за електрична енергија и гас, затворениот градски базен времено беше затворен на 18-ти јануари годинава. Зголемените цени на струјата и гасот го принудија менаџерскиот тим на ваква одлука од каде кажаа дека не се во можност да ги плаќаат високите сметки и дека е можно да се доведе во прашање примарната дејност на претпријатието, изнесување и собирање на смет. По ова реагираа и пливачки клубови и граѓани рекреативци.ам/бт/

Остани поврзан