• понеделник, 23 декември 2024

Насилство кон полицијата, солзавец, водени топови на протест на албанската опозиција пред градското собрание на Тирана

Насилство кон полицијата, солзавец, водени топови на протест на албанската опозиција пред градското собрание на Тирана

Тирана, 10 јуни 2024 (МИА) - Албанската опозиција денеска го одржа 11. по ред протест пред градското собрание на Тирана, барајќи оставка од градоначалникот Ерион Велиај.

Протестот, кој траеше час и половина, како и претходните беше проследен со тензии и судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон.

Освен запалени гуми, тие гаѓаа кон полицијата се јајца и тврди предмети, при што еден од нив е повреден во главата, по што полицијата возврати со солзавец и водени топови, од кои, според партиски извори, повреден е Клевис Балиу од Демократската партија.

Учесниците носеа макета, на која, Велиај е претставен како затвореник.

Во обраќањето пред присутните, демократот, Белинд Келичи, кој беше кандидат за градоначалник на Тирана на последните избори, обвини дека меѓу другото, Велиај заедно со соработниците украле 132 милиони евра од спроведените тендери за изградба на инсинераторот за согорување отпад во Тирана, 30 милиони евра со компанијата 5Д, за што повеќе раководни лица од општината се веќе во притвор.

Порача дека нема да се откажат од протестите сè додека не замине Велиај, најавувајќи нов протест за во среда.

Пртеходно Ора њуз објави дека Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, започнало истрага, по анонимна пријава, но со детални информации за градоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај и членови на неговото семејство. вт/сд/

Остани поврзан