Насилството од 27 април во Собранието, предупредување како не треба да биде
- Четвртата годишнина од насилствата во Собранието поминува во знакот на повторни нагласени несогласувања помеѓу претседателот на Собранието Талат Џафери и владејачките партии и опозициските па


Премиерот Зоран Заев денеска потсети на лузните што ги носи како еден од учесниците на, како што рече, непосакуваните настани од 27 април 2017 година и ја испрати пораката – да не се повтори никогаш повеќе, ни во Северна Македонија, ниту било каде во светот.
-Ќе го споделам уште еднаш чувството дека тој 27 април 2017 година два часа и 15 минути секоја секунда јас, колегите пратеници и новинарите околу нас чекаа да го изгубат животот. Буквално секоја секунда вековиште беа тие два часа и 15 минути. Денеска да се организира собир за да се даде поддршка на осудени луѓе кои се обидоа на очиглед на јавноста јавно да убиваат и ликвидираат новинари, камермани, пратеници во Собранието е или забеганост или е соучешниство, ништо друго, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Со свој став денеска излегоа политичките партии од владејачкото мнозинство, а во неделата опозициската ВМРО-ДПМНЕ одржа мирен протест во одбрана на како што нагласија „уставобранители“ кои се во затвор за овој случај.

