• недела, 22 декември 2024

Насилни демонстрации во Белград (видео)

Насилни демонстрации во Белград (видео)
Белград, 7 јули 2020 (МИА) - Српската полиција употреби најмалку 30 солзавци во обидот да спречи демонстранти да влезат во Собранието кои протестираа против воведувањето нови мерки за сречување на ширењето на новиот коронавирус. Демонстрантите во моментов се повлекоа подалеку од влезот на Парламентот откако полицијата употреби и шок бомби, јавија белградски медиуми. Н1 јави дека тие се групираат во помали групи, и повторно се обидуваат да стигнат до влезот на Собранието. Некои демонстранти се упатиле и кон зградата на РТС. Насобраните луѓе, меѓу другото, кон полицијата извикуваат „ние ве плаќаме“. Демонстрантите фрлаат со камења и тврди предмети кон полицијата. Тие извикуваат навреди кон претседателот на државата Александар Вучиќ. Радомир Лазовиќ од иницијативата „Да не го давиме Белград“, изјави дека причина за овој спонтан протест е акумулираното незадоволство од властите во Србија. Група граѓани влегоа во холот на Собранието кусо по 22 часот, по што полицијата интервенираше и по десет минути ги исфрли од парламентот. Поголема група студенти тргнаа од Студентски град во Нов Белград кон центарот со цел да ги поддржат граѓаните кои протестираат пред Собранието.Со свирежи и извици, студентите се упатија кон градот за да им се придружат на собраните, јавија белградски медиуми. Пред Националното собрание, од вечерва се одржуваат протести кои следуваат откако претседателот на државата Александар Вучиќ денеска најави нови рестриктивни мерки поради епидемиолошката состојба предизвикана од ширењето на Ковид-19. јт/зш/ https://www.youtube.com/watch?v=SdXXGWcFb5U&feature=emb_title&fbclid=IwAR2ZJP_XDbFx2Aw9BcBDspyz9gf3qiz9jwvsaMddLOAYWtmNDPJt5zk9c8s  

Остани поврзан