• петок, 22 ноември 2024

НАСА ќе купува Месечев прав од приватните компании

НАСА ќе купува Месечев прав од приватните компании
Хјустон, 11 септември 2020 (МИА) - НАСА објави дека ќе почне кампања за купување камења, прав, песок и други материи од Месечината, од приватните компании, кои имаат свои мисии таму. Американската Национална воздушно-вселенска агенција би го купила сѐ тоа за да го користи во истражувања. Целта на кампањата е и, како што се наведува - поддршка на идните астронаутски мисии на Месечината. Како дел од програмата „Артемис“, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да прати човек на Месечината до 2024 година. си/сд/

Остани поврзан