• петок, 22 ноември 2024

НАСА ги сликаше култните „Столбови на создавањето“

НАСА ги сликаше култните „Столбови на создавањето“

Хјустон, 20 октомври 2022 (МИА) - Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА ги фотографираше величествените „Столбови на создавањето“, коишто се наоѓаат на далечина од 7.000 светлосни години од Земјата.

„Столбовите на создавањето“ се прикажани во 3-Д и изгледаат како величествени карпести формации... Но, всушност се работи за облици составени од студен меѓуѕвезден гас и прашина, што повремено изгледаат „полупроѕирни“. Овие „Столбови“, инаку, се сметаат за зачеток на нови ѕвезди. Вселенскиот телескоп „Хабл“ прв фотографираше ваков пример во 1995 година. Новата слика од „Џејмс Веб“ треба да им помогне на научниците да ги споредат претходните модели на создавање ѕвезди со попрецизен број ѕвезди и со нови мерења на количината гас и прашина.  си/

Остани поврзан