Народниот музеј во Велес блесна во светлина
- Уште еден градски симбол, чувар на историјата и традицијата на градот, Локалната установа Народен музеј од синоќа е целосно осветлен, информира градоначалникот Марко Колев и најави дека ќе ги осветли и другите знаменитости на градот.
Велес, 10 септември 2025 (МИА) - Уште еден градски симбол, чувар на историјата и традицијата на градот, Локалната установа Народен музеј од синоќа е целосно осветлен, информира градоначалникот Марко Колев и најави дека ќе ги осветли и другите знаменитости на градот.
-Со тоа градот стана повторно осветлен и убав и за велешани, но и бројните гости и туристи кои го посетуваат Велес. Градот на Вардар е центар на културата и на бројни знаменитости, потенцира Колев.
По неколку години оставени во мрак деновивe се осветлени и другите знаменитости на Велес, Саат кулата симболот на градот, како и пешачкиот Мало мовче и други јавни објекти и знаменитости на Велес.ад/вј/
Фото: Општина Велес