• понеделник, 23 декември 2024

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 48. сесија на Клубот на истражувачите

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 48. сесија на Клубот на истражувачите

Скопје, 22 август 2023 (МИА) - Народната банка објави повик за пријавување трудови за 48. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 21 септември 2023 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 11 септември 2023 година (понеделник).

Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. мч/лв/

фто: МИА архива

Остани поврзан