• недела, 22 декември 2024

Наришкин: Руското разузнавање треба да го спречи надворешното мешање во претседателските избори

Наришкин: Руското разузнавање треба да го спречи надворешното мешање во претседателските избори

Москва, 29 декември 2023 (МИА) - Шефот на руското надворешно разузнавање Сергеј Наришкин во видео порака емитувана денеска изјави дека руските разузнавачи мора да вложат максимални напори за да спречат какво било странско мешање во претседателските избори во земјата, закажани за март следната година, пренесоа британските медиуми.

Рускиот претседател Владимир Путин во текот на декември пред воени офицери обзнани дека повторно ќе се кандидира за функцијата и во моментов се наликува дека со ваквата одлука тој ќе се задржи на функцијата уште најмалку шест години, предвидуваат руските медиуми.

Путин, кој го наследи Борис Елцин на последниот ден од 1999 година, веќе има минато на чело на Кремљ повеќе од кој било друг лидер од Јосиф Сталин наваму, откако во  меѓувреме ги надмина и 18-те години на чело на Русија на Леонид Брежњев.

„Во новата година ќе има значаен политички настан - избори за претседател на Руската Федерација“, вели Наришкин,  во видеото пораката. „Мораме да вложиме максимални напори за да спречиме можно надворешно мешање“, додава тој.

Опозициските политичари велат дека изборите, безобразно кажано, се „смоквин лист“ што ја покрива корумпираната руска диктатура на Путин, забележуваат британските медиуми.

Поддржувачите на актуелниот претседател го отфрлаат ваквиот став, укажувајќи на резултатите од анкетите на независните агенции за гласање во кои се наведува дека Путин ужива поддршка од исклучително висок процент руски гласачи – над 80 отсто. Според нив, актуелниот шеф на државата го обнови редот и поредокот во земјата и врати дел од влијанието што Русија го загуби за време на хаосот што го придружуваше распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан